Шефот на американската финансии вели дека Трамп може да употреби санкции на состанокот со Путин

Скот Бесент вели дека Доналд Трамп ќе му стави до знаење на Владимир Путин во Алјаска дека „сите опции се на маса“ за евентуално ублажување или зајакнување на санкциите кон Москва.

Американскиот секретар за финансии изјави дека санкциите „можат да бидат зголемени, да бидат олеснети и да имаат временски ограничувања“, објавува „Телеграф“.

„Тој ќе му стави до знаење на претседателот Путин дека сите опции се на маса“, изјави Бесент за Блумберг во интервју.

Тој додаде дека Европејците „мора да ни се придружат во овие санкции“ и „да помогнат во создавање поголемо влијание“.

Инаку, се очекува Трамп и Путин да се сретнат во петок во Алјаска, каде што една од клучните теми ќе биде војната во Украина.