Шефот на НАТО ги нарече загубите на Русија во Црното Море „голема победа“ за Украина

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг  ги поздрави денеска како „големо достигнување“ неодамнешните напредувања на Украина во Црното Море, откако Киев соопшти дека уништил уште еден руски воен брод.

„Украинците успеаја да и нанесат големи загуби на руската Црноморска флота“, изјави Столтенберг на прес-конференција.

„И ова е големо достигнување, голема победа за Украинците“, додаде тој