Ширењето на малигните клетки во лимфните јазли се јавува во одредена фаза на рак

Присуството на клетките на ракот во лимфните јазли укажува на присуство на тумор во телото и неговото место на потекло се одредува со биопсија

Лимфните жлезди, заедно со лимфните садови, се дел од лимфниот систем, кој е составен дел на човечкиот имунолошки систем.

Лимфните садови транспортираат супстанца – лимфна течност, која содржи бели крвни зрнца и му помага на човекот да се бори против инфекции.

Во некои случаи, отекувањето на лимфните жлезди или лимфните јазли може да укаже на развој на рак, а има и тумори кои почнуваат да се развиваат токму во овие жлезди, пренесува Телеграф.

Во лимфните јазли се развиваат три типа на рак

Присуството на канцерогени клетки во лимфните јазли укажува на присуство на тумор во телото, но некои видови на рак почнуваат да се развиваат токму во лимфните јазли, како што се не-Хочкиновиот лимфом и Хочкинов лимфом. Станува збор за два типа на рак на лимфниот систем, на кои треба да се додаде и лимфоцитна леукемија.

Меѓутоа, ако ниту една од овие три состојби не е вклучена, клетките на ракот што се појавуваат во лимфните јазли може да укажуваат на напредна фаза на рак што се проширил од друго место во телото.

Тоа значи дека зборуваме за метастази бидејќи некои канцерогени клетки се отцепуваат од туморот и метастазираат на друго место. Овие канцерогени клетки можат да патуваат низ крвотокот и да стигнат до други органи или да поминат низ лимфниот систем и да стигнат до лимфните јазли. Сепак, повеќето клетки на ракот кои патуваат низ крвотокот или лимфниот систем „умираат“ или се уништуваат пред да имаат шанса да метастазираат, според Американското здружение за рак.

Кога ракот е присутен во лимфните јазли, биопсијата одредува за каков тип на рак се работи. Клетките на ракот ќе изгледаат како клетките на туморот од кој потекнуваат, така што клетките на ракот на дојката во лимфниот систем сепак ќе изгледаат како рак на дојка.

Ракот во третата фаза е фаза кога ракот се проширил на лимфните јазли

Ракот влијае на луѓето на различни начини, па затоа е тешко да се предвиди како ќе се прошири на кого. Колку е повисок стадиумот, тоа значи дека се проширил низ организмот. Фазата во која ракот се проширил на лимфните јазли варира и според стручните упатства, ракот се проширил на лимфните јазли кога е во стадиум 3.

Шансите за преживување ако ракот се шири може да зависат од типот на рак што некој го има. Откако ракот е регионално напреднат и се проширил во блиските лимфни јазли, Американското здружение за рак, на пример, ја дефинира стапката на преживување за пет години на следниов начин:

▪ 86 отсто за рак на дојка
▪ 35 отсто за неситноклеточен карцином на бели дробови
▪ 16 отсто за ситноклеточен карцином на белите дробови
▪ 66 отсто за меланом.

Стапката на преживување се однесува на процентот на луѓе кои се уште се живи долго по добивањето на одредена дијагноза. На пример, 5-годишното преживување од 50 проценти значи дека 50 проценти, или половина од пациентите, сè уште се живи 5 години по дијагнозата. Раното откривање и лекување на ракот може да ги зголеми шансите за преживување на една личност. Брзото применување на терапии и започнување со терапија може да значи дека ракот на една личност нема шанси да се шири.

За жал, кај нас многу пациенти со Хочкинов лимфом немаат можност за лекување по трансплантација на матични клетки, бидејќи единствениот лек што може да се земе во тој стадиум на болеста е Opdivo-Nivolumab и не е на листата на есенцијални Лекови.