Шише виски продадено за 2 милиони фунти: Еве зошто цената на овој алкохол е толку висока (ФОТО)

Шише ретко шкотско виски беше продадено на аукција во Лондон за 2,1 милиони фунти ( околу 2,5 милиони евра ), соборувајќи го рекордот за најскапо шише алкохол во светот!

Во прашање е шкотското виски „МекАлен 1926“ , а аукциската куќа „Сотби“ објави дека постигнатата цена е повеќе од двојно поголема од проценетата цена.

Само 40 шишиња од ова виски биле флаширани во 1986 година , откако вискито стареело во буриња цели 60 години.

мекален 1926 година, виски

На 12 шишиња, меѓу кои и она што достигна рекордна цена, има етикети дизајнирани од италијанскиот сликар Валерио Адами.

Претходниот светски рекорд го држеше и шише од ова виски, кое беше продадено во Сотби во 2019 година за 1,5 милиони фунти.

Едно шише од овој скап пијалок било уништено за време на силниот земјотрес во Јапонија во 2011 година.