Дино Мерлин од белградска арена: „Сакам моите внуци заедно со вашите да растат и живеат во мир“ (фото)

Вечерва, 21 ноември, Дино Мерлин го одржува својот трет последователен концерт во белградска арена, а публиката ја разнежни со пораката што ја испрати на почетокот на концертот.

Имено, босанскиот кантавтор го започна концертот околу 21:00 часот, а по отворањето на третата вечер со песните „Da šutiš“, „Kad si rekla da me voliš“ и „Nešto lepo treba se desi“, и’се обрати на белградската публика.

Дино имаше силна порака, а својата желба ја сподели со публиката во преполната Арена.

-Веќе немам многу желби, моја желба е моите внуци да растат со вашите деца и да живеат во мир – изјави Мерлин по третата песна.

Откако тој ги изговори овие зборови пред околу 20.000 луѓе, публиката го поздрави со силен аплауз.

Да потсетиме, Мерлин половина час пред почетокот на концертот пристигна во Штарк Арена во придружба на полиција, во автомобилот во кој се наоѓаше го придружуваше колешката Ивана Банфиќ.