Шлаканица за Швајцарија: Трамп воведе царина од 39 проценти на клучен производ, производителите се во шок, а и клиентите се жалат
Швајцарските производители се соочуваат со сериозна криза откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 39 проценти за швајцарските сирења, вклучувајќи ги и познатите Гриер и Ементалер.
Веста ја шокираше владата во Берн која до последен момент веруваше дека ќе може да постигне договор со Белата куќа за пониски тарифи, пренесува Ројтерс.
Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер и министерот за економија Гај Пармелен итно го посетија Вашингтон за да се обидат да го ублажат ударот врз домашната индустрија.
Само минатата година, САД купија 11 проценти од целиот извоз на швајцарско сирење, како и една третина од целиот извоз на сирење „Гријер“.
Здружението на производители на ова сирење (Interprofession du Gruyère) проценува дека извозот би можел да се намали за 1.000 тони годишно, што би претставувало загуба до 15 милиони швајцарски франци (околу 16 милиони евра).
„Сирењето Гриер е веќе луксузен производ само по себе, а овие царини се огромни. Купувачите од САД веднаш ми се јавија – тие се загрижени, се надеваат на договор“, рече францускиот производител Ентони Марго.