Шокантен пресврт! Лукас прво ја искритикува Северина за нејзината изјава за Сребреница, а сега снимија и заеднички дует: Се смирија, еве што вели Аца (ФОТО)

Аца Лукас за хрватските медиуми откри дека снимил дует со Северина Вучковиќ! Тие двајца требаше да соработуваат пред две години, но поради ставот на пејачката за Сребреница, тој одлучи дека не сака да снима песна со неа. Кога потоа ја одбил, Севе наместо со Аца го снимила синглот „Ми фалиш” со бугарската ѕвезда Азис.

– Снимивме навистина убава песна, не знам кога ќе излезе, но супер е. Снимена е, сè уште нема име и би било глупо да ви кажам како се вика сега… Супер песна е, навистина е таква, вистински хит, навистина е добра. Ја направи Филип Милетиќ – откри Лукас.

Да потсетиме, Лукас ја критикуваше Северина за нејзиниот став за Сребреница 2021 година и истакна дека нема намера да соработува со неа.

– Како пејач ги почитувам сите националности бидејќи сите доаѓаат на моите настапи, во која земја и да пеам. Ги сакам сите граѓани и луѓе без разлика на нивната националност. Колешката малку се занесе во изјавите, а кога ќе сфати ќе биде доцна. Ѝ посакувам многу среќа, но немам намера да соработувам со неа по ваквата изјава за нашиот народ – изјави тогаш Лукас, кој непосредно претходно изјави дека во Сребреница се случил геноцид.

– Сега испаднав дека сум најлошиот ,,усташ” со тоа што реков дека во Сребреница имало геноцид – што е геноцид, како и да го нарекуваат: големо злосторство, мало злосторство или средно злосторство. Станува збор само за тоа дека ако се работи за геноцид, тогаш некоја држава треба да и’ плати компензација на таа земја – изјави тогаш Северина на една телевизија.