Шокантна изјава на поранешниот директор на Мосад! Ова е можен одговор на иранскиот напад, Израелците се подготвени: „Нема сомнеж, сè e на маса“
Поранешниот директор на управата за разузнавање на израелската агенција Мосад, Зохар Палти, вели дека таргетирањето на иранските нуклеарни постројки е една од опциите за одговор на нападот врз Израел.
Тој зборуваше за можни одговори откако Иран истрела повеќе од 300 проектили и беспилотни летала кон Израел.
Запрашан дали сè е на маса, вклучително и таргетирање на нуклеарни постројки, Палти рече: „Нема сомнеж. Сега сè е на маса“.
На прашањето дали тоа вклучува нуклеарни постројки, тој рече: „Тоа вклучува сè”.
Иран привремено ги затвори своите нуклеарни постројки од „безбедносни причини“ во неделата , а Меѓународната агенција за атомска енергија ги држеше своите инспектори подалеку од постројките два дена.
Нападот врз Израел уследи по смртоносниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија.
Израелската војска тврди дека 99 отсто од беспилотните летала и ракетите истрелани врз Израел не успеале да навлезат во неговата моќна противвоздушна одбрана.