Шокантна исповед на поранешниот фудбалер на Ѕвезда: Аркан ми беше како татко, секој ден бевме заедно, тој ми купи и…
Легендарниот напаѓач на Црвена Ѕвезда Петар Пуача неодамна гостуваше во емисијата „Пулс на Србија“ кај водителот Иван Гајиќ, каде откри повеќе детало од своето детство, кариерата, но и за улогата на Жељко Ражнатовиќ Аркан и Миленко Мандиќ Манда во неговиот живот.
– Пораснав сам со мајка ми, додека татко ми никогаш не го запознав и сега имам веќе 50 години. На 18 години во мојот живот влегоа Аркан и Манда. Жељко ме зема како свој приватен играч и ми помогна финансиски во време на инфлација. Кога 2 до 3 марки, во 1993 година, беа платите. Аркан ни даде 35.000 австриски шилинзи, што е 5.000 марки. Во тоа време, некој да ти даде толку пари е како некој да ти даде 100.000 евра сега . Тој не бараше ништо за возврат, беше заљубен во мене како играч, а јас бев вљубен во него – изјави Пуача.
– Тој ми беше втор татко. Колку и да беше лош за некои луѓе или тоа што го правеше, за мене беше повеќе од коректен. Со Аркан и Цеца поминав 7 години буквално секој ден. Тој и Манда ми го купија и мојот прв мобилен телефон, мојот прв пејџер, скапа гардероба и часовници. Сето тоа додека не отидов во Италија – изјави Пуача.