Шокантна исповед на славниот пејач – Роби Вилијамс открива: “Во бракот нема секс. Порано не ги тргавме рацете еден од друг, а сега кога таа сака, кревам раменици…“
Познатиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд признаа дека речиси никогаш немаат секс. Поранешниот пејач на „Take That“ го обвинува своето намалено либидо на инјекциите на тестостерон кои ја влошиле неговата депресија.
Во заедничкото интервју, пренесено од Daily Mail, парот инсистирал дека ги делат истите ставови за интимноста и дека се задоволни од недостатокот на активност во спалната соба.
„Сите знаат дека нема секс по бракот. Така е. Морав да земам инјекции со тестостерон извесно време, бидејќи сум зависник, но тоа мораше да престане. Моите мускули на рамото се развија и почнав да изгледам како голман. Не беше добар изглед. Но сексот кога бев на тестостерон беше неверојатен. И така беше цело време. Бевме ненаситни. Тоа покажува колку сме вљубени еден во друг иако, бидејќи кога јас беше на тестостерон, не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг“, признал Роби во интервју за The Sun.
„Ми недостига. Беше забавно време. Сега, понекогаш кога седиме заедно на каучот, Ајда може да се сврти кон мене и да каже – треба да имаме секс. Па, знаете, понекогаш се обидуваме“, додал пејачот.
43-годишната актерка, која се омажи за пејачот во 2010 година, кажала: „Мислам дека луѓето го мешаат сексот со интимноста. Секогаш се гушкаме, се бакнуваме, се држиме за раце и се допираме додека гледаме телевизија на софата, или филм, или што и да е. Интимноста е важен, значаен аспект на љубовта. Ние сме среќни“.
Инаку, Роби неодамна го покажа своето издлабено тело во видеото кое го објави на социјалните мрежи, а ова доаѓа само неколку месеци откако откри дека „засекогаш се бори со килограмите“.
Уште во септември минатата година тој призна дека конечно е среќен поради слабеењето. Пејачот, кој во минатото отворено зборуваше за зависноста од храна и дрога, а сега вели дека конечно научил да се прифаќа себеси.
Минатата година го издаде албумот „XXV“, а штотуку се врати од турнејата по повод 25 години од неговата независна кариера. Пејачот, кој е трезен веќе 20 години, откри и дека конечно научил да се прифаќа себеси по бројните маки во минатото.