Не е се така ‘розево’ и во животите на познатите! Николас Кејџ отворени проговори тежок период од неговата кариера: “Бев во долгови од 6 милиони долари, се согласив на се!“

Актерот Николас Кејџ отворено зборуваше за тешкиот период од животот кога морал да прифати „лоши“ филмски улоги за да се ослободи од долговите.

Како гостин во емисијата „60 minutes“ на CBS, Николас Кејџ зборува за тоа како минувал низ финансиски тешкотии по падот на пазарот на домување.

Премногу вложив во недвижнини, падна пазарот, а не излегов на време. Им вратив се, околу шест милиони долари“, објаснил 59-годишната филмска ѕвезда.

Тоа беше мрачен период, но многу ми помогнаа улогите во филмовите. Работата отсекогаш била мојот ангел чувар. Можеби не секогаш беше успешно, но беше работа“, додал тој.

Николас Кејџ

За да се извлече од финансиската криза, тој прифатил филмови кои можеле веднаш да се гледаат на платформите, а не само оние што премиерно се прикажувале во кината.

И да беше филмот малку по ‘беден’, ми беше гајле за тоа“, истакнал тој.

Во интервју за магазинот GQ минатата година, тој објасни како некои од неговите улоги поминале подобро, а некои не толку.

Кога снимав четири филма годишно, сепак морав да најдам нешто во нив за да го дадам најдоброто од себе. Не успеаја сите. Некои беа одлични, некои не беа“, изјавил тој за 2022 година.

Николас Кејџ признал дека платата е она што на крајот го натерало да потпише за одредени филмови.

Не можам да навлегувам во детали, но да, парите се фактор. Ќе бидам целосно директен за тоа. Нема причина да не бидам. Има моменти кога ова е повеќе фактор отколку се друго. Сепак, сè уште треба да чувствувам дека можам да придонесам филмот да биде интересен за гледачите“, изјавил тој за New York Times во 2019 година.