ШОКАНТНА ИСПОВЕД – Поранешната супер моделка искрено си ја отвори душата: “Имав повеќе операции на градите отколку што имав мажи во мојот живот!“

Поранешниот гламурозен модел, 44-годишната Кејти Прајс, во петокот наутро гостуваше во ТВ емисија на британскиот канал Channel 5, а во разговор со водителот Џереми Вајн, гордо изјави дека – „имав повеќе операции на градите отколку што имав мажи во мојот живот“.

Тажно е што сè уште често се чувствувам грдо, иако многупати сум правела естетски корекции“, признала Кејти на која како тинејџерка и била направена првата естетска операција, но денес таа смета дека старосната граница за давање согласност за операција треба да биде подигната на 21 година.

Кејти Прајс

Се плашам за сите девојки кои ставаат филери на лицето а се толку млади… Јас лично зажалив што на 18 години прв пат си ги зголемив градите… А што се однесува до моето лице, свесна сум дека изгледа вештачки, навистина претерав со операциите, но немам право да се жалам, на крајот на краиштата сама го направив тоа“, изјавила Прајс и продолжила: „Имав повеќе операции на градите од отколку што имав љубовници! Не знам ни колку пати сум ги корегирала“.

На прашањето дали таа е задоволна од својот изглед, одговори ладнокрвно: „Не“.

А сега, кога бевме во салонот за шминкање, се погледнав во огледало и си помислив: Колку сум грда“, искрено признала таа.

Во телевизиското шоу Кејти се осврнала на нејзината најстара ќерка Тиамии Кристал Естер (15 г.), која исто така сака да стане модел.

Таа веќе почна во овие води и знам дека нема да можам да ја спречам… Неодамна потпиша договор со модниот бренд PrettyLittleThing. Таа е одлучна. Штом ќе наполни 16 години, почнува со овој бизнис“, изјавила Прајс.

Ќерката, која старлетата ја доби со поранешниот сопруг, пејачот Питер Андре (50 г.), неодамна изјави дека не планира да прави естетски зафати.

Твоето тело е твој избор, но јас не сакам пластични операција. Мислам дека некои луѓе се толку природно убави што дури и не треба да одат под нож“, изјавила малолетната ќерка.

Кејти Прајс