ШОКАНТНА ПРОГНОЗА НА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ РУСИ – Пред самиот почеток на Светскиот економски форум во Давос, милијардерот близок до Владимир Путин предвидува кога ќе завршти војната во Украина !?
Рускиот милијардер и бизнисмен Олег Дерипаска наведува дека евентуалниот крај на војната во Украина треба да се очекува најдоцна до мај 2025 година.
Олег Дерипаска на својот профил на социјалната мрежа Телеграм го коментираше почетокот на работата на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос и главната тема на состанокот на светските лидери – мировните преговори во Украина и на Блискиот Исток.
Тој нагласи и дека на настанот ќе присуствуваат државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, но и дека руската делегација нема да дојде во Давос.
Милијардерот заклучи дека затоа е малку веројатно дека на Светскиот економски форум ќе се одржи сериозен дијалог за Украина.
„Сигурно нема да има мир пред мај 2025 година“, смета Олег Дерипаска.
Во август 2023 година, бизнисменот даде и прогноза за војната во Украина.
Тој тогаш кажа дека мировните преговори за завршување на војната би можеле да започнат на крајот на септември, а својата прогноза ја заснова на влошување на финансиската состојба во Соединетите Американски Држави.
Годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија ќе се одржи од 15. до 19. јануари.