Инцидентот во кој две жени заклучија расплакано дете во авионски тоалет, предизвика жестока дебата во Кина за тоа како да се третираат децата на јавни места, јавува Би-Би-Си.
Видеото објавено од една од двете жени, Гоу Тингтинг, стана вирално на социјалните мрежи. На видеото, детето е однесено во тоалетот, со натпис дека се обидува да им помогне на другите на летот на Јунијао Ерлајнс од југозападниот град Гујанг до Шангај.
Инцидентот се случил на 24 август, а авиокомпанијата подоцна соопштила дека бабата на девојчето им дала дозвола на двајца патници да ја „дисциплинираат“. Девојката која патувала со баба и почнала да плаче за време на летот, па решиле да ја однесат во тоалет со предупредување дека може да излезе само ако престане да плаче. Локалните медиуми објавија дека девојчето имало една година, иако Јунејао ерлајнс не соопшти детали. Набргу по објавувањето на видеото, многумина почнаа да ја критикуваат Гоа за нејзиниот недостаток на емпатија и злоупотреба на деца, на што таа рече дека „попрво би направила нешто отколку само да биде случаен минувач“.
“You can’t come out if you keep crying!” Two female air passengers, frustrated by the crying of a #toddler, took the child into the #aircraft‘s bathroom for a disciplinary talk after obtaining consent from the child’s grandmother, sparking controversy. https://t.co/XgydSuViNi pic.twitter.com/kMGTXdjLEy
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 27, 2024
„Само сакав да го смирам детето и да ги оставам сите да одморат“, напиша таа на Douyin, кинескиот еквивалент на TikTok, како што пренесува Би-би-си.
Таа додаде дека некои патници се префрлиле на задниот дел од авионот за да избегаат од вревата, додека други си ставиле марамчиња во ушите.
“Децата не можат да ги контролираат емоциите кога имаат една или две години. Што има лошо во плачењето? Не плачевте ли кога бевте мали?”, е една од критиките во коментарите на Веибо.
Имаше и такви кои застанаа во одбрана на жените со образложение дека нивните постапки се оправдани бидејќи бабата на девојчето дала согласност. Расте дебатата за тоа како да се управуваат со „децата мечки“, како што ги нарекуваат децата во Кина кои се однесуваат „диво“ и прават врева на јавни места.
Глобалните авиокомпании, вклучувајќи го турско-холандскиот авиопревозник Corendon Airlines и Scoot со седиште во Сингапур, им нудат на патниците можност да платат повеќе за да седат во зоната без деца.