Кошаркарите на Панатинаикос ја освоија титулата шампион на Грција, откако по нереален пресврт го совладаа Олимпијакос со 3:2 во серија.
По 0:2 забележаа три победи против лутиот ривал и го освоија трофејот.
Во возбудлив мајсторски меч одигран во Пиреја, ПАО победи со резултат 87:82.
Најдобриот играч на „зелените“ Кендрик Нан доживеа неверојатен пех на крајот од натпреварот.
Во борбата за топката, на четири и пол минути пред крајот на натпреварот, Нан се судри со соиграч и загуби ТРИ ЗАБИ.
Неговата насмевка потоа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.