Шокантни бројки на британските шпиони: „Ако продолжат со ова темпо, еве колку Руси ќе бидат убиени до 2025 година…“

На Русија најверојатно ќе и бидат потребни пет до 10 години за обнова на високо обучени и искусни воени единици, според британското разузнавање

Русија ќе има повеќе од половина милион убиени или повредени војници во Украина до 2025 година, доколку ситуацијата продолжи со сегашното темпо, процени Велика Британија.

Просечниот број на убиени и ранети луѓе се зголемил за речиси 300 на ден во текот на 2023 година во споредба со 2022 година, според податоците на британското воено разузнавање објавени во саботата.

Според новите податоци, ова зголемување „речиси сигурно“ ја одржува деградацијата на руските сили и нивната транзиција кон „понеквалитетна, побројна масовна армија од делумната мобилизација на резервистите во септември 2022 година“.

На Русија веројатно ќе и бидат потребни пет до 10 години за да ги обнови своите високо обучени и искусни воени единици, според британското разузнавање.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс ги спореди овие податоци со деветгодишната советско-авганистанска војна во која Русија имаше 70.000 жртви.

Во „бесмислената војна“ на рускиот претседател Владимир Путин, „ако бројот на жртви продолжи да расте со сегашната стапка во текот на следната година, до 2025 година Русија ќе има повеќе од половина милион војници убиени и повредени во три години војна“, напиша министерот на Ксу, поранешниот Твитер.