Шокантни слики на местото од каде Лиам Пејн беше испратен во вечниот одмор: Музичарот е погребан по повеќе од еден месец (ФОТО)
Помина повеќе од еден месец од страшната трагедија во Аргентина каде Лиам Пејн падна од балконот на хотелот и почина. Погребот на младиот музичар ќе се одржи денеска во неговиот роден град Вулверхемптон.
Во тек се последните подготовки, а се појавија и првите фотографии на кои се гледаат цветните аранжмани кај црквата.
„Неговото семејство направи сè за да му го даде заслуженото испраќање “, изјави извор претходно за The Sun.
Последното збогување беше затворено за јавноста, се собераа само семејството и најблиските пријатели. Исто така, познато е дека
на погребот беа неговите колеги од One Direction – Хари Стајлс, Зејн Малик, Луис Томлинсон и Ниал Хоран .