ШОКАНТНИ СЦЕНИ: Фабрика во Тајван срамнета со земја, внатре имало 57 лица (ВИДЕО)

Во разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени во Тајван загинаа најмалку девет лица, а снимките од урнатите згради го преплавија интернетот.

Се урна и зграда на фабрика во градот Нов Тајпеј, изјави локалниот градоначалник.

Внатре имало 57 луѓе.

„Покрај нашата итна евакуација, внатре имаше три заробени лица. Последниот беше спасен околу 11:57 часот, а засега само едно лице е повредено“, вели тој.

Спасувачите и надлежните се на терен, додека теренот се расчистува.

Да потсетиме, во урнатините беа затрупани речиси 80 луѓе, додека официјалната бројка е дека некои се заробени во згради и тунели низ градот , велат надлежните служби, пренесува Би-би-си.