Шокантни тврдења на Дејан Лучиќ: Врз Хирошима и Нагасаки не е фрлена атомска бомба, сето тоа е лага (фото/видео)
Српскиот геополитичар и публицист, Дејан Лучиќ беше гостин во најновата емисија ,,Во Центар” чиј видител е новинарот Васко Ефтов. Тој говореше за актуелната политичка состојба во Македонија и Србија но и во светот, поконкретно и за воената операција во Украина.
Тој ги откри сите историски случувања кои довеле светот денес да се движи во овој правец.
Еден од повозбудливите моменти беше делот кога Лучиќ говореше за случувањата во Втората светска војна.
-,,Видете, врз Хирошима и Нагасаки не беше фрлена атомска бомба, тоа е лага. Ниту пак Американците се качија на Месечината. И тоа е измислено. Како ќе докажеме дека врз Хирошима и Нагасаки не е фрлена атомска бомба? Пред некој ден во Хирошима беше состанокот на Г7 групата. А како нè учеја на училиште, на место каде што е фрлена атомска бомба не може трева да никне а камоли луѓе да живеат. Во Чернобил каде беше оштетена атомската централа и ден – денес никој не живее и е забрането никој да не го посетува тоа место бидејќи е озрачено. Врз Хирошима и Нагасаки се фрлени напалм бомби. Таму постојано живеат луѓе и никој не се отселил. Врз Хирошима и Нагасаки се фрлени напалм бомби затоа што таму живеат Јапонци кои се Православни (Христијани) – наши луѓе кои Русите им ја сменија верата” – кажа Лучиќ.
Освен ова, Лучиќ кажа и низа шокантни информации кои можете да ги погледнете во следното видео: