Шокантни тврдења на поранешен функционер на Пентагон: Украинските загуби се катастрофални, ништо нема да остане од нив
Вооружените сили на Украина загубија 26.000 војници за време на нивната неуспешна контраофанзива, а режимот во Киев се обидува да го сокрие тоа.
Ова го изјави поранешниот советник на шефот на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор.
– Украинците загубија 26.000 луѓе (убиени), а веројатно исто толку се ранети – изјави Мекгрегор во интервју со политичкиот аналитичар Мајкл Севиџ.
Како што оценува, загубите на украинските сили за време на контраофанзивата се катастрофални, а режимот во Киев неуспешно се обидува да ја сокрие оваа непријатна вистина од целиот свет.
– Зеленски и неговите службеници се во очај. Сфаќаат дека веќе изгубиле, а од нивните вооружени сили нема да остане ништо – истакна полковникот.
Тој заклучува дека украинскиот претседател може само да се надева дека „учеството на трета страна во конфликтот“ ќе го спаси од оваа страшна ситуација.
Да потсетиме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на почетокот на неделава објави дека украинската армија загубила над 26.000 војници и 3.000 парчиња различно оружје од почетокот на контраофанзивата.