Шокантни фотографии од аеродромот Никола Тесла! 45 вакумски затворени кеси полни со дрога во розови куфери: Унгарка „падна“!
Унгарка (25) била уапсена пред два дена на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград додека се обидувала да пренесе 27 килограми марихуана во два розови куфери, дознава Телеграф, а српската царина објави шокантни фотографии од заплената.
Првичната дестинација на летот на патничката била Бангкок, од каде полетала за Доха, а била уапсена во Белград при трансфер додека чекала лет за Тирана.
Осомничениот во текот на денот треба да биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград.