Шокантно интервју на ќерката на Брижит Макрон: Убавата адвокатка првпат проговори за односот на нејзината мајка и 25 години помладиот претседател на Франција
Тифен Озиер, поќерката на Емануел Макрон, за прв пат проговори за скандалозниот однос на нејзината мајка со идниот претседател на Франција.
Озиер, чие интервју веројатно ќе биде едно непријатно читање и за Макрон и за првата дама Брижит Макрон, признава дека и понатаму е повредена од „забранетата врска“ меѓу оженетата наставничка и тинејџерот. Ќерката на првата дама од првиот брак, исто така, го искористи интервјуто за неделникот Парис Меч за да одговори на тврдењата дека нејзината мајка е родена како маж.
Озиер имала само 10 години кога дознала дека нејзината мајка се гледа со нејзиниот ученик, кој е 25 години помлад од неа. Брижит во тоа време била мажена, па нејзините три мали деца морале да трпат постојани прашања за „забранетата врска“ во градчето Амиен во северна Франција.
-Научив многу за човечката природа. Знам дека треба да се фокусираме на најважното и да одиме напред без оглед на критиките. Напади, критики, осуди… Сè уште не беше ерата на социјалните мрежи, но бевме во мал провинциски град. Се е познато… Стекнав отворен ум и желба да одам напред без да слушам периферна бучава. Стекнав поголема толеранција – вели Озиер, која сега има 40 години, во интервју објавено во четвртокот.
Озиер беше особено вознемирена што нејзиниот посрамен татко Андре-Луис Озиер беше принуден да го напушти семејниот дом во 1994 година, иако тој се разведе од Брижит дури во 2006 година. Макрон се ожени со Брижит една година подоцна.
-Разделбата на семејството може да биде и тага и можност. Рекомпонирањето може да се покаже како збогатување. Имам сакан татко и очув – изјави младата адвокатка која зборуваше во сегашно време за татко и, иако тој почина во 2019 година на 68-годишна возраст.
Parry Match наведува дека младиот Емануел често доаѓал на вратата на семејството Озиер и дека гласините растеле и влијаеле на трите деца.
Тифен била дете кога избил скандалот. Нејзината постара сестра Лоренс тогаш имала 17 години и била соученичка со Емануел Макрон. Озиер вели дека гласините за „забранетата врска“ биле застрашувачки за сите деца – вклучувајќи го и нејзиниот брат Себастиен, кој во тоа време имал 19 години. Сите три деца биле ученици во римокатоличкото средно училиште во Амиен каде Брижит била професорка по драма.
Озиер, која неодамна објави нов роман, исто така вели дека е повредена од тврдењата на социјалните мрежи дека Брижит е родена како маж.
-Загрижена сум за нивото на општеството кога ќе слушнам дека на социјалните мрежи кружи гласина дека мајка ми е маж. Загрижува самодовербата со која се пренесува и кредибилитетот што им се дава на ваквите гласини. Како да одолееме на дезинформациите на социјалните мрежи – прашува Тифен, која сега живее на Кале со сопругот и двете деца.
Патеките на Емануел и Брижит Макрон прво се вкрстиле во средното училиште во северна Франција. Актуелниот француски претседател имал само 15 години кога ја запознал мадам Озиер, наставничка, која била 24 години постара од него.
Наставничката и ученикот со месеци секој петок навечер соработувале на претставата „Уметноста на комедијата“ на италијанскиот писател Едуардо Де Филипо. Дуото работело на сценариото до доцна во ноќта. Ниту еден од нив не морал да оди далеку за да се врати дома. Наставничката живеела во блиска куќа додека ученикот одел до куќата на своите родители во богатиот дел на Амиен. На премиерата, тинејџерот се поклонил и ја бакнувал својата наставничка на секој образ, додека г-ѓа Озиер се насмевнувала со очигледно задоволство.
Тоа било почеток на љубовна врска.
Брижит, која тогаш имала 39 години, била во брак со банкарот Андре-Луис Озиер, со кој има две ќерки и еден син.
-Секој петок одев да пишувам драма со неа по неколку часа. Разговаравме за се и открив дека отсекогаш сме се познавале – изјави подоцна францускиот претседател.
Брижит, чија најстара ќерка Лоренс била во истото одделение, изјавила дека е маѓепсана од неговата извонредна интелигенција и дека има чувство дека работи со Моцарт.
Првиот знак, кој укажувал дека врската е повеќе од академска, е забележан по последниот настап во локален ресторан. Еден студент го видел парот како споделува „нежен“ момент.
Нивната романса процвета и предизвика скандал во провинцијата. Родителите на Макрон потоа го испратија во Париз да посетува друго училиште, но неговата желба да биде со својата наставничка остана.
Брижит објасни дека го одложила бракот со Макрон 10 години поради нејзините три деца, кои се приближно на иста возраст со нејзиниот помлад партнер. Таа се омажи за тогашниот млад државен службеник, кој беше во доцните дваесетти години, на 20 октомври 2007 година, откако една година претходно се разведе од нејзиниот сопруг Андре-Луј Озиер.