ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ ОД ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Владимир Путин ги припрема руските ученици за војна: “Тој лично одржа предавање во едно училиште!“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, лично одржал предавање во едно руско училиште, каде што децата биле информирани за новата наставна програма која треба да ги научи за основните борбените тактики.
Според новата програма, наставниците ќе ги учат учениците како да ракуваат со калашникови, гранати и беспилотни летала како дел од курсот „Основи на безбедноста на животот“, тврдат тајните служби на Велика Британија.
Според информацииите од официјален Лондон – на часовите по историја ќе се разговара за повторно обединување на Крим со Русија и т.н. „специјална воена операција“ во Украина.
„Новата наставна програма има три цели: да ги индоктринира студентите во оправдувањето на Кремљ за спроведување на специјалната воена операција, да им всади на учениците боречки начин на размислување и да ги намали роковите за обука за понатамошна мобилизација. Воведувањето лекции за ракување со беспилотни летала укажува на нивното зголемено значење на бојното поле“, се вели во извештајот од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Според информациите, може да се очекуваат и руски ветерани од линијата на фронтот да ги посетат учениците, се вели во извештајот објавен на социјалната мрежа Х (Твитер).
За потсетување, Парламентот на Русија минатата година усвои нова наставна програма.