Разорен земјотрес ја погоди Турција рано утринава во 4:17 часот по локално време.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да му ја даде потребната помош на пријателскиот турски народ по земјотресот што рано утринава ја погоди Турција.
– Шокиран сум од веста за смртта и ранетите стотици луѓе во земјотресот во Турција – напиша Зеленски на Твитер.
Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент сме со пријателскиот турски народ, подготвени да ја пружиме потребната помош – изјави Зеленски.