Деветгодишното девојче Мара покажа во германската серија „Klein Gegen Gross“ неверојатна вештина за брзо погодување на разликите помеѓу слични слики.
Брзината со која девојчето Мара, кое имаше 9 години кога се снимаше серијата „Клајн Геген Грос“, ја откри разликата помеѓу две слични, но сложени слики е прилично запрепастувачка.
Малото девојче покажа единствена и ретка вештина.
Мара користела техника на гледање стереограми, која била наречена „вкрстени очи“. Таа ја применила оваа техника со голема брзина.
Оваа вештина ја стекнала преку тренинзи по терапијата на која била подложена за да го реши проблемот – неможноста да ги фокусира очите на нешто многу блиску.
Девојчето ги воодушеви гледачите со нејзината уникатна способност и брзина на забележување разлики.