Шок во Сплит: Легендарниот Едвин ван дер Сар заврши во болница поради крварење во мозокот (фото)

Како што пишуваат тамошните медиуми, легендарниот фудбалски голман Едвин ван дер Сар завршил во болница во Сплит. Тој бил примен на неврологија поради сомневање за SAH – субарахноидално крварење во мозокот.

Славниот Холанѓанец останал под опсервација во болница.

Не се знае каква работа имал во Сплит, но најверојатно со семејството дошол на одмор.

Ван дер Сар сподели фотографија од Пољуд на Твитер со натпис: „Дали некој го препознава стадионот на кој играв со Ајакс во средината на 90-тите?

Во 1995 година, Ван дер Сар успешно го одбрани голот на Ајакс на Пољуд. Во Сплит беше 0:0, додека во Амстердам Ајакс победи со 3:0 (два гола на Франк Де Бур и еден на Кану) и се пласираше во полуфиналето. Таму го елиминираа Баерн, а потоа во финалето го победија Милан со голот на Патрик Клајверт.