Шок во Хрватска, татко ја силувал ќерка си (17) од нејзините 6 години: Истрагата откри детали кои ја заледуваат крвта

Таткото (45) ја силувал својата ќерка (17) од нејзината шестгодишна возраст, а таа агонија во четирите ѕида во соба во нивниот дом во место во централна Хрватска траела до август кога мажот завршил во истражен затвор. Истрагата откри ужаси што ја заледуваат крвта, пишува ,,Јутарњи лист”.

Од 2013 до минатата година, на штета на својата ќерка, која сега има 17 години и има целосно уништена психа, извршил 341 грозоморно кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, вклучително и развратни дела и силување и кршење на правата на децата. Преку разговори во низа институции жртвата ги опишала страдањата и болките кои ги доживеала до граница на издржливост, а обвинетиот се бранел молчејќи од првиот момент до последниот.

Окружниот суд детално ги анализирал сите докази и го осудил обвинетиот на 23 години затвор.

Како олеснителни околности, судот ја зел предвид неговата неосудуваност, а отежнувачки е тоа што тој во подолг временски период вршел дела на штета на сопственото дете и покажувал голема криминална намера.

Таа се плашеше од нејзиниот татко бидејќи тој и’ се заканувaл дека ако некому каже што и’ прави, ќе ја убие неа и себе си, но и дека ќе и’ ги покаже цртежите на ликови во сексуализирани пози на нејзината мајка.

Покрај сето тоа, ѝ ја ограничил комуникацијата со другарките, ја спречувал да оди на гинеколог и ја натерал да посетува куќи каде ја проповедаат верата.

Откриено е и дека го прекинал лекувањето на детето во установа, но и дека во ноќните часови во нивниот дом инсистирал да работи машината за перење за да ги покрие пискотниците на детето.

Во случајот со мајката на жртвата, пак, трауматизирачкиот афект од инцестуозната ситуација изостана бидејќи таа тврди дека ништо не знаела, но и дека нејзиниот сопруг, кој нормално има проблеми со алкохолот, е итар.