ШОК ВО ШКОТСКА! Огромен брод се преврте на пристаниште: Бродот стои под агол од 45 степени а луѓето се во неверување (фото)
Најмалку 25 луѓе беа повредени во средата кога огромен истражувачки брод се преврте на страна на пристаниште во Единбург, Шкотска поради силните ветрови.

Видео-снимките и фотографиите на тамошните медиуми покажуваат дека бродот „Petrel“ се навалил под агол од 45 степени.
Службите за итни случаи соопштија дека се повредени 25 лица.
Има и исчезнати лица, пишува британскиот весник The Sun.
Бродот е дел од имотот на починатиот ко-основач на компанијата Microsoft, Пол Ален.
