Шок исповед на познат фудбалер: „Имав дупки на месото, 12 дена бев во болница, сакаа да ми ја ампутираат ногата“

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери откри дека по завршувањето на играчката кариера во 2022 година за малку ќе ја загубил ногата поради тешка инфекција.

Поранешниот ас на Баерн, кој со тој тим беше европски првак во 2013 година, беше принуден да ја заврши професионалната кариера додека настапуваше за Салернитана во Серија А поради се потешките проблеми со коленото. Во интервју за „L’Équipe“, Рибери ги опиша тешкотиите низ кои поминал.

– Болката во коленото ми се влошуваше. „Веќе не тренирав помеѓу натпреварите, само се обидував да се опоравам “, рече Рибери.

По медицинските тестови било откриено дека тој повеќе нема ‘рскавица, поради што бил опериран во Австрија и добил метална плоча на коленото.

Меѓутоа, наместо закрепнување, следеа сериозни компликации.

– Речиси пет месеци подоцна добив тешка инфекција. Бактеријата буквално ми ја јадеше ногата, имав дупки во месото. Се заразив со стафилокока и поминав 12 дена на интензивна нега во болница во Австрија. Бев многу исплашен. Лекарите ми рекоа дека можеби ќе треба да ми ја ампутираат ногата.

За среќа, лекарите успеале да му го спасат екстремитетот, но факт е дека Французинот поминал низ пекол. Иако ја заврши својата играчка кариера, Рибери остана во фудбалот и моментално работи како помошен тренер во Салернитана.