Шок на турнејата на Шакира! По 7 години се врати на сцената, публиката го пцуеше Пике, а таа викаше – ПОСИЛНО (фото)
По седумгодишна пауза Шакира повторно блесна на сцената, со нејзината долгоочекувана светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“. Првиот концерт се одржа на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро пред повеќе од 60.000 фанови, кои со ентузијазам го поздравија нејзиното враќање. Овој настап не беше само музички спектакл, туку и моќен израз на нејзината внатрешна сила, надминување на предизвиците и повторното раѓање.
Емотивна порака пред излегување на сцената
Пред да излезе на сцената, Шакира сподели емотивна порака на социјалните мрежи, размислувајќи за годините напор и предизвици.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/17393743709223948897761438363181.jpg)
„Во огледалото гледам жена која вградила дел од себе во секој акорд, секое движење, секој момент од оваа турнеја. Знам дека совршенството не постои, но вечерва ви се предавам таква каква што сум – со глас изострен од искуството и кожа обележана со добиени и изгубени битки”.
Триумфален влез и енергија што го тресе стадионот
Облечена во сребрен костим и темни очила, Шакира направи спектакуларен влез низ толпата, поздравувајќи ги своите фанови со неизмерна возбуда.
,,Добра вечер, Рио”, извика додека нејзиниот имиџ доминираше на џиновскиот екран зад неа. Уште од првите тактови на песната „ La Fuerte“, публиката беше во транс, а хитовите како „ Girls lile me” предизвикаа ерупција на емоции.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/17393743823924900805581075932420.jpg)
Патување низ три децении музички хитови
Концертот беше вистинска временска машина низ нејзината богата кариера – од раните песни како „Pies Descalzos“ , преку „La Tortura“ , „ Hips Don’t Lie“ и „ Ojos Asi“ , до новите хитови „ Acrostico“ и „ Ultima“ . Моќниот глас, виртуозната кореографија и уникатниот спој на поп, рок, регетон и бразилската сцена покажаа дека Шакира сè уште е неприкосновена кралица на светската музика .
Охрабрувачка порака и реакција на скандирањата против Пике
Еден од најемотивните моменти на вечерта беше кога Шакира на течен португалски зборуваше за предизвиците што ги надминала.
,,Ние жените, по секој пад, стануваме посилни. Ако сакаме да плачеме, плачеме. А ако не, тогаш наплаќаме“, рече таа, предизвикувајќи громогласен аплауз.
Публиката не ја пропушти приликата да го закопа нејзиниот поранешен партнер, извикувајќи му пцовки. Шакира со насмевка ја стави раката зад увото, поттикнувајќи ги да скандираат уште погласно, што предизвика делириум на стадионот.
Семејство во срцето и прекрасен крај
За време на изведбата на „Акростико“ , на екранот се појавија трогателни снимки од нејзините синови Милан и Саша, кои ги допреа срцата на сите присутни. За големото финале, Шакира ја испеа песната што ја врати на врвот на топ листите.
На крајот со солзи радосници рече: „Музиката лечи. Сум сакала и сум сакана, но најубавото нешто е да научиш да се сакаш себеси“.
Продолжување на турнејата и непоколеблива сила
Со овој спектакуларен настап Шакира покажа дека не само што се вратила, туку и посилна од било кога. Турнејата „ Las Mujeres Ya No Lloran“ ќе продолжи со концерти во Сао Паоло, а потоа и во остатокот од Латинска Америка и Северна Америка, со последните концерти во јуни.
Нејзиното враќање не е само музички триумф, туку и моќен потсетник дека уметноста, љубовта и храброста можат да ја надминат секоја бура.