ШОК ПРИ ОБРАЌАЊЕТО НА МАКРОН: Припадничка на армијата почна да губи свест, за малку ќе паднеше, францускиот лидер мораше да реагира
Припадник на француската армија кој стоеше зад францускиот претседател Емануел Макрон почна да губи свест за време на неговото годишно обраќање до вооружените сили.
Инцидентот се случи за време на традиционалното претседателско обраќање до војската, кое во живо беше емитувано на официјалната сметка на Елисејската палата на социјалната мрежа Х.
За време на говорот, девојката одеднаш почнала да паѓа.
– Мислам дека и е потребна помош – рече Макрон.
Девојката била однесена и по неколку минути можел да продолжи со говорот.
Vœux aux armées: le discours d’Emmanuel Macron interrompu par le malaise d’une militaire pic.twitter.com/XJt11l1s1W
— BFMTV (@BFMTV) January 19, 2024
Ве уверувам дека е во несвест. Не треба да е ништо сериозно. Зборував за важноста на антитерористичката операција Сентинел… Се надевам дека несвестицата не е поврзана со тоа – додаде Макрон.
Девојчето на бината беше заменето со друг војник.
За време на своето обраќање Макрон се осврна на главните безбедносни предизвици во светот, а тоа, според него, се конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.
Припадник на елитната француска воена единица, да потсетиме, неодамна исто така се онесвести зад претседателот Емануел Макрон за време на официјална церемонија во Париз. Макрон го пречека претседателот на Мадагаскар, Андриј Ражоелин, во Елисејската палата, а чуварот кој стоеше зад него одеднаш падна на земја и изгуби свест.