Фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Кевин Кампл, вчера доживеал непријатна ситуација откако постигнал гол, кога поради недостиг на воздух се фатил за гради, по што паднал во несвест.
Лајпциг вчера во одличен натпревар на свој терен го совлада Аугсбург на нашиот Ермедин Демировиќ со резултат 3:2 и со тоа оствари нова шампионска победа.
Покрај одличниот фудбал, овој натпревар го одбележа и шокантен настан кој за среќа заврши без последици.
Имено, откако постигна гол за 1:1 во 10. минута, Кевин Кампл се пожали на болки во градите и изјави дека не може да дише, по што падна во несвест.
За среќа, медицинскиот штаб на Лајпциг реагираше одма, па одличниот играч на домашните стисна заби и го продолжи овој натпревар.
Кевин Кампл пристигна во Ред Бул Арената летото 2017 година, Словенецот досега има постигнато седум гола за оваа екипа.