Германскиот лидер додаде дека се надева на слични преговори меѓу ЕУ и блокот Меркосур во Јужна Америка, како и Мексико, Австралија, Кенија и Индија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека ќе се заложи за трговски договор меѓу Европската унија и Индонезија како дел од напорите на Германија да ја намали зависноста од Кина за клучните суровини.
Говорејќи на отворањето на годишниот саем во Хановер, Шолц му рече на индонезискиот претседател Јоко Видодо дека трговскиот договор меѓу најнаселената земја во Југоисточна Азија и блокот од 27 нации ќе создаде економска област со 700 милиони луѓе.
– Работам на тоа овој договор конечно да ја достигне својата цел – рече Шолц, зборувајќи за преговорите меѓу Џакарта и Брисел кои траат од 2016 година, пренесе АП.
Германскиот лидер додаде дека се надева на слични преговори меѓу ЕУ и блокот Меркосур во Јужна Америка, како и Мексико, Австралија, Кенија и Индија.
Индонезија е земја партнер на овогодинешниот саем за индустриска технологија во Хановер.