ШОЛЦ ИТНО СЕ ЈАВИ ОД БЕРЛИН ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО: Има важна порака за Белград и Приштина

Тој во четврток и петок во Гранада ќе разговара за ситуацијата во Косово.

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина , јавува РТВ.

– За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни на овој план –  рече Шолц на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара во четврток и петок кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија , на Самитот на Европската политичка заедница.

На самитот, меѓу другите, ќе присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ , како и претседателката на привремените приштински институции во Приштина, Вјоса Османи.