СТРАШЕН УДАР! Силен земјотрес ја погоди Јапонија, ИТНО издадено предупредување за цунами!

Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени. Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами , кое подоцна беше повлечено, јавува јапонската агенција Kyodo. Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима , на околу 580 километри јужно од Токио.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри.

Земјотресот не беше почувствуван на околните острови и во регионот на Токио , но метеоролошката агенција предупреди дека цунами високо до 1 метар може да ги погоди крајбрежните области на островот. Предупредувањето подоцна беше повлечено.

Само помало цунами од околу 30 сантиметри е забележано на островот Хачиџо, на околу 290 километри јужно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција.