Шолц тврди дека Германија нема да дозволи на кого било кој живее во таа земја да му се суди врз основа на тоа дали има или нема странски корени
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска остро ги осуди наводните планови на членовите на екстремно десничарските групи кои неодамна се состанаа во вила надвор од Берлин за да смислат план за депортација на милиони имигранти, дури и оние со германско државјанство.
Наводниот план, кој во средата го објави истражувачката новинарска група „Коректив“, предизвика бурни реакции во земјата бидејќи ја одразува нацистичката идеологија за депортирање на сите луѓе кои не се етнички Германци.
Шолц рече дека Германија нема да дозволи на кого било кој живее во таа земја да му се суди врз основа на тоа дали има или нема странски корени.
Шолц на платформата „Икс“ истакна дека во Германија сите се заштитени без разлика на потеклото и бојата на кожата.
„Секој кој се противи на слободниот демократски поредок на Германија е случај за правосудството“, рече Шолц.