Шпанската министерка Белара бара прекин на дипломатските односи со Израел и воведување санкции и ембарго

– Шпанската министерка за социјални права, Јоне Белара, повика на подигање обвинение против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг поради израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Во видеото објавено на платформата Икс левичарската министерка истакна дека тоа важи и за луѓето одговорни за бомбардирањето во кое загинаа илјадници жители на Појасот Газа.

Министерката од партијата Унидас Подемос, коалициски партнер на премиерот Педро Санчез, ги повика европските земји да ги прекинат дипломатските односи со Израел и да воведат економски санкции и ембарго за оружје за Израел.