Шпанска хуманитарна работничка загина во ракетен напад во Украина, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи

Шпанска хуманитарна работничка е убиена откако проектил го погодил автомобилот со кој таа патувала во Украина, соопшти вршителот на должноста министер за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез.

„За жал, можам да потврдам дека проектил погодил автомобил во кој патувала вработена во хуманитарна невладина организација во Украина. Имаме усна потврда дека таа починала“, изјави Албарез на новинарите во Индија, каде што беше на маргините на самитот Г. -20. Тој не го соопшти идентитетот на убиената хуманитарка..

Еден канадски хуманитарен работник исто така беше убиен во напад вчера во Часов Јар во источна Украина, соопштија локалните власти