ШПАНСКИОТ ГИГАНТ НА “РАСПРОДАЖБА“ – Барселона започна да ги продава своите дијаманти од “Камп Ноу“, што е следно !?

Не е тајна дека Барселона се уште е во големи финансиски проблеми. Претседателот Жоан Лапорта успешно го расчистува нередот што го остави неговиот претходник Хосеп Марија Бартомеу и наоѓа иновативни начини да ја наполни клупската каса.

Еден од нив е продажбата на дијаманти. Имено, во понеделникот во веб-продавницата на клубот се појавија нови артикли, а меѓу нив имаше и дијаманти.

Станува збор за дијаманти од еден карат вредни 15.000 евра, кои се направени од тревникот на „Камп Ноу“, стадионот на Барселона, кој моментално се реновира. Можно е да се купат и полукаратни дијаманти, почнувајќи од 2.500 евра.

Според Cadena Cope, јаглеродот од тревата се извлекува и потоа се кристализира со помош на напредна технологија. Секој дијамант доаѓа со сертификат од Меѓународниот гемолошки институт кој гарантира дека дијамантот е „одгледан во лабораторија“ и има нула влијание врз животната средина, а се наведени и карактеристиките на скапоцен камен.

Покрај дијаманти, во продажба се и мрежи за гол, парчиња трева и други сувенири од стариот стадион.

Додека се гради новиот „Камп Ноу“, Барселона своите домашни натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“, кој ќе го користи најмалку до ноември 2024 година.