Шпанскиот крал Фелипе му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативците, Алберто Нунес Феихо
– Шпанскиот крал Фелипе Шести му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативната Народна партија (НП), Алберто Нунес Феихо.
Монархот, кој е шеф на шпанската држава, ја донел одлуката по консултациите со претставниците на политичките сили кои најдоа место во Парламентот по изборите на 23 јули, кои не дадоа јасен победник.
Феихо сега мора предлогот за составот на Владата да го достави до Парламентот за да добие доверба од Законодавниот дом.
На парламентарните избори НП беше партијата која собра најмногу гласови.