Шпигел: Распродадени се директните летови од Москва

Летовите од Москва се распродадени додека членовите на паравоената група Вагнер се приближуваат до главниот град на Русија, пишува Шпигел.

Според германскиот весник, билетите за директните линии од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни.

Во исто време, мапите на Google покажуваат дека автопатот М4, јужно од Москва, по кој се движат бунтовниците на Вагнер, е затворен.