Штом малку ќе се здебели, се префрла на ова мени: Диетата на Синди Крафорд за слабеење до 5 килограми за 14 дена, идеална за жени над 40 години

Синди Крафорд ја должи својата витка фигура на менито составено од шест оброци, толку избалансирани што телото го добива токму она што му е потребно во секое време од денот.

Синди Крафорд има совршена фигура, но не сака строги диети. Здравиот начин на живот е нејзиниот пат до успехот на сите полиња. Таа е доказ дека со правилна исхрана и редовно вежбање можете да изгледате одлично и на речиси 60 години.

„Навистина ми се допаѓа идејата за јога и трчање, но претпочитам традиционални техники, како оние што ми ги предложи мојот личен тренер Раду. Моментално имам нов тренер дома со кој тренирам три пати неделно и ме тера да правам склекови, чучњеви, шипки и скокови. Откако добив деца, се обидов малку да се смирам. Но, сега го зголемувам интензитетот на кардио и HIIT (тренинг со висок интензитет). Исто така, пешачам по ридовите и возам велосипед за време на викендите“, изјави еднаш Синди.

Покрај тоа, поранешниот топ модел не крие дека сака да се опушта и да се разгалува.

Синди Крафорд

„Неодамна воведовме медитација дома, како семејство. Не го правам тоа редовно, но беше многу интересно да се запознаат со придобивките од медитацијата за мојата состојба на умот, од невронаучна гледна точка. Тоа е како нова алатка со која располагам за да ме опушти секогаш кога ми треба. Но, мојот омилен ритуал за релаксација е мојата инфрацрвена сауна: 30 минути со добра книга и јас сум нова жена“, изјавила Синди претходно.

Сепак, јасно е дека без да се внимава на здравата исхрана, нема витка линија.

„Пред да го започнам денот, секогаш имам домашно смути со спанаќ, бадемово млеко, половина банана, протеински прав, сирово какао и свежо нане“, открил ритуалот на манекенката со кој не пропушта да ја започне својата секојдневна рутина.

Синди јаде 5-6 оброци во текот на денот (ручек и вечера плус две закуски кои не смеете да ги пропуштите!) Сите оброци се во мали порции. На овој начин таа постигнува метаболизмот да не ѝ успорува на прагот на шеесеттите и телото да не почне да складира маснотии.

Друго правило е дека комплетната исхрана мора да биде избалансирана, па прекрасната Синди консумира 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% масти.

Комплетното мени на Синди Крафорд

Појадок : печени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче ‘ржан леб

Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)

Ручек: риба или пилешко месо (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб

Ужина: портокал или 30 грама сирење

Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав

Пред спиење: Чаша јогурт со малку маснотии или кефир

Како да изгубите тежина како Синди Крафорд

Синди, како и сите ние, повремено се препушта на висококалорична храна како хамбургери, но внимава да не претерува и брзо се враќа на својата здрава стандардна исхрана. Доколку забележи дека се здебелила неколку килограми, веднаш почнува напорно да тренира и го применува овој режим две недели. Во овој период таа се ослободува од вишокот за да може за тоа време да изгуби 5 килограми.

Исто така, ако се здебели неколку килограми, нискокалоричната супа од бела зелка е нејзин голем сојузник во слабеењето. Се подготвува во вода со додавање на моркови, домати, пиперки, целер, грашок, млад кромид и магдонос. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компири и друг зеленчук кој е богат со јаглехидрати.

Оваа супа можете да ја јадете пет пати на ден, а во исхраната да додадете свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно не повеќе од 250 ml), јогурт (еднаш неделно не повеќе од 150 ml), интегрален ориз.

Можете исто така да јадете месо (пилешко или мисиркино не повеќе од 150 грама) или риба (200 g), на пареа.

Пијте чиста вода без ограничувања. Дозволени се и зелен чај и свежо сварено црно кафе без шеќер и млеко (максимум две шолји дневно).

За време на диетата, забранета е конзервирана храна, леб и производи од брашно, чоколадо, слатки, газирани и алкохолни пијалоци, пишува Steel .