Штом ќе заврши митингот ќе имаме Совет за национална безбедност: Српскиот претседател Вучиќ ја прокоментира состојбата на северот на Косово
Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето пред стотици илјади граѓани на собирот „Србија на надежта“ се осврна на актуелната состојба на северот на Косово.
Да потсетиме, косовската полиција насилно влезе во зградите на општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ.
– И денеска како намерно да го чекаа овој ден, значителен број мажи од северот на Косово да дојдат во Белград, за да ги нападнат општинските згради. А за сето ова молчеа претставниците на Квинта, а ние немавме поголема и потешка криза – рече претседателот Вучиќ и додаде:
– Никому ништо не сме згрешиле, а притиснати до ѕид нема каде да одиме освен да ги браниме нашата земја и народ. Ќе се борам до последниот здив мирот да трае подолго. Но, ако Србите во Косово бидат нападнати ние нема да седиме со скрстени раце. Србите нема да ги избркате.
– Штом ќе заврши митингот, ќе имаме состанок на Советот за национална безбедност. Се плашам од многу лоши работи бидејќи знам со кого си имаме работа. Ни треба единство и заедништво повеќе од кога било. И секако и вие покажавте неверојатна истрајност, не можам да опишам колку ве сакам, стоите на дожд сите овие часови. Затоа што многу ја сакате својата Србија“ – им порача Вучиќ на толпата која цело време го скандираше неговото име.