Што би се случило доколку САД ја фрлат нуклеарната бомба што ја развиваат врз Русија !?

Според симулацијата што ја анализира Newsweek, нуклеарната бомба што ја развива администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, може да направи хаос во Русија.

Да потсетиме дека минатата недела Пентагон најави создавање на нова варијација на гравитационата бомба B61 развиена во 1960-тите години за време на Студената војна, а во соопштението објавено од Пентагон, се наведува дека B61-13 е наменета за зајакнување на одвраќањето на противниците и безбедноста на сојузниците, што му дава на Џо Бајден дополнителни опции против одредени потешки и поголеми воени цели.

Пентагон сè уште не откри колку моќна ќе биде бомбата, но официјални лица велат дека таа би можела да има експлозивна моќ слична на постариот модел, B61-7. А таа нуклеарна бомба имаше максимална моќност еквивалентна на 360 килотони ТНТ, што е околу 24 пати поголема од експлозивната моќ од 15 килотонската бомба што САД ја фрлија врз Хирошима во Втората светска војна.

Визуелната претстава создадена со помош на онлајн алатката Nukemap покажува како бомбата B61-13 над Москва би предизвикала значително уништување и би убила повеќе од 300.000 луѓе. Сè што е во радиус од приближно 0,80 km од местото на детонација би испарувало во огнена топка, штетата би ги урнала зградите во радиус од 1,61 km и веројатно ќе ги убие сите присутни таму. Секој во радиус од околу 3,22 километри од местото на детонацијата би бил изложен на толку високи нивоа на радијација што сите би умреле во рок од еден месец, додека 15 отсто од преживеаните би умреле од рак нешто подоцна. Дополнителни смртни случаи поврзани со радијација најверојатно ќе се случат и во поширокиот регион.

Симулацијата покажува дека во Москва би загинале околу 311.480 луѓе, додека бројот на повредени би бил дури 868.860. Според сегашните проценки, главниот град на Русија има повеќе од 12,6 милиони жители.

Ако бомбата е фрлена на Санкт Петербург, ситуацијата ќе биде уште полоша – 360.150 луѓе ќе загинаа, а 685.930 ќе бидат повредени, според симулацијата Nukemap.

Џон Пламб, помошник секретар за одбрана за вселенска политика, вели дека развојот на новата бомба ја одразува променливата безбедносна средина и растечките закани од потенцијалните противници.

Во четвртокот, Владимир Путин, потпиша закон за повлекување на Русија од глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје. САД веднаш остро го осудија овој последен чекор на Кремљ.

Активноста на Русија само ќе ја намали довербата во меѓународниот режим за контрола на оружјето“, порача американскиот државен секретар Ентони Блинкен.