“СЕ ТРЕСЕА ЗГРАДИ И ВО ИНДИЈА!“ – Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Непал

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Непал во петокот, објави Непалскиот национален сеизмолошки центар, а очевидци велат дека предизвикал уривање на куќи во областа и тресење згради во Њу Делхи, Индија.

Непалската агенција објави дека земјотресот се случил во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата КарналиЈајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду.

Се урнаа куќи. Луѓето набрзина излегоа од своите домови. Јас сум надвор во толпа од преплашени жители. Се обидуваме да дознаеме подетални информации за штетите“, изјавил полицискиот функционер Сантош Рока, пренесуваат странските медиуми.

Според очевидци на медиумската агенција Reuters, земјотресот ги потресе зградите во Њу Делхи, на околу 600 километри. Видеата на социјалната мрежа Х (Твитер), покажаа луѓе како трчаат на улица додека некои згради беа евакуирани.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) го процени земјотресот на јачина од 6,2 степени и на длабочина од 10 километри.