Санела Шкријељ: “Имаме опозиција чија една единствена цел е да блокира носење закони“

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ за емисијата „10 минути“ на телевизија 21 истакна дека сите се согласни дека не смее да има политика на неказнивост и дека мора да се работи на подобрување на ефиканоста и ефективноста на правосудниот систем.

Добар дел од законите од реформата на правосудниот систем, кои ЕУ алудираше да ги донесеме беа блокирани и закочени со години. Забораваме дека имаме ситуација кога имаме опозиција која има една единствена цел да блокира се што значи носење закони, рече Шкријељ, додвајќи дека пратениците се платени од граѓаните да сработат, а не да блокираат и со денови да расправаат за усвојување на дневниот ред.
Шкријељ нагласи дека никако не смее да се заборави една работа, а тоа е дека не застаруваат случаите ради измените во КЗ, туку факт е дека судството е неефикасно.

Пред да се случат да се случат измените во КЗ, кој сносел одговорност од големите риби во нашата држава, само покажува дека проблемот е на друго место. Конечно мора да зборуваме за индивидуална одговорност со име и презиме, точно мора да се знае кои се имињата на судиите, кои ги држеле предемтите толку долго во фиока за да стигнат во фаза за да мое да се случи да застарат, нагласи Шкријељ.

Во врска со предложениот закон за амнестија, пратеничката Шкријељ рече дека не е поддржан бидејќи системски не го решава проблемот со пренаселеноста на затворите, бидејќи со него на слобода ќе излезат околу 200 лица, а на влез чекаат речиси 3.000 и апелираше повеќе да се користат останатите мерки што стојат на располагање а не се изрекуваат, како условен отпуст и општествено корисна работа.

Мора да учиме дека демократијата не значи едноумие и дека е добро и треба да имаме различни ставови, кога имаме различни ставови, мислења и идеи, заедно ќе дојдеме до најдобро заедничко решение. Како и секогаш спремни сме да разговараме и да донесеме она што е најдобро решение во овој случај, нагласи Шкријељ.
Во врска со напредокот на нашата држава кон ЕУ Шкријељ нагласи дека е потребна вистинска волја од сите актери да се случи напредок во општеството.

Факт е дека во случајот со Македонија, ЕУ не секогаш се држеше до она што значат Копеханшки критериуми и вредности, а така би требало да биде. Имавме случаи кога ги исполнувавме сите услови, а бевме блокирани дали ради некоја соседна држава, дали ради предлог нова методологија, но одговорност е на сите општествени актери, политички субјекти, граѓанското општество, медиумите доколку сакаме да видиме придвижување на нашата држава, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ за телевизија 21.

СООПШТЕНИЕ – СДСМ, Центар за комуникации со јавноста