ЦВЕКЛОТО Е ПРИРОДЕН ЕЛИКСИР ЗА ХИПЕРТЕНЗИЈА: Еве како да го подготвите најдобриот сок кој го враќа притисокот во нормала

Дневниот внес на половина децилитар сок од цвекло значително ќе го намали високиот крвен притисок, тврдат експертите од Британската асоцијација за хипертензија.

Нитратот, клучната состојка во цвеклото , која ја има и во зелениот лиснат зеленчук, е одговорен за регулирање на крвниот притисок, покажа нивното истражување. До овој заклучок дошле така што група здрави луѓе испиле половина децилитар сок од цвекло. По само еден час притисокот им паднал. Позитивниот ефект бил уште поголем по три часа, а бил забележлив и по 24 часа.

Со оглед на тоа што денес во светот повеќе од 25 отсто од возрасните имаат хипертензија , со постојана тенденција на брз раст, повеќе од важно е да се открие состојка која позитивно ќе влијае на нејзиното регулирање, истакнуваат британските експерти. Затоа треба редовно да се консумираат сокот од цвекло и зелен лиснат зеленчук за навремено да се заштити целиот кардиоваскуларен систем.

Како да направите сок од репка

Неопходно е

* 2 мали цвекла

* 4 моркови

* парче ѓумбир

* 1 портокал

* 2 зелени јаболка

Подготовка

Цвеклото измијте го, добро исчистете го и исечете го на парчиња. Излупеното цвекло ставете го во соковник. Потоа додадете морков, ѓумбир, портокал, па јаболко – по тој редослед. Добиениот сок процедете го. Ако сакате, можете да додадете и цимет.

ЗАБЕЛЕШКА: Изберете цвекло што е убаво и цврсто за да обезбеди свежина. Зеленото јаболко секогаш му дава убав вкус на овој сок и има понизок гликемиски индекс од другите видови јаболка. Цвеклото содржи многу шеќер и е нискокалорично (45 kcal на 100 g корен). Шеќерот од цвеклото многу лесно се апсорбира од телото и дава сила и енергија. Луѓето кои се придржуваат до намалена диета можат безбедно да ја консумираат сирова. Ќе им ја обезбеди потребната енергија, а високата концентрација на влакна што ги поседува ќе го поттикне празнењето на цревата.