Познат готвач се самоубил по расправија со својата девојка

Наградуваниот готвач и ресторан, кој редовно се појавуваше во емисијата на Би-Би-Си, бил пронајден во неговиот дом

Познатиот готвач и ѕвезда на шоуто “Saturday Kitchen”, Расел Норман (57), се самоубил во градината на својот дом, по пијана расправија со својата девојка. 

Како што пишува „Дејли мејл“, тој наводно имал жесток конфликт со својата партнерка, по што се обесил.

Наградуваниот готвач и сопственик на ресторан, кој редовно се појавуваше во емисијата на Би-Би-Си, беше пронајден во ноември минатата година.

И покрај обидите на неговата девојка и медицинскиот персонал да го реанимираат, тој претрпел сериозно оштетување на мозокот и починал пет дена подоцна во болница.