ФОТО+ВИДЕО | Погледнете ги последиците од бурата “Даниел“ која ги уништи Грција, Бугарија и Турција! Објавена и нова предупредувачка порака: Денес се очекува невреме на овие места

Најмалку 14 лица ги загубија животите во поплавите што ги погодија Грција, Бугарија и Турција, а Sky News јавува дека се откриени повеќе жртви, но бројот се уште не е познат. 

Потврдена е смртта на три лица, а четворица се водат за исчезнати во централна Грција по силниот дожд кои поплави многу домови и деловни објекти. Надлежните трагаат по исчезнати лица“, вели во телевизиска изјава министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, Василис Кикилијас.

Во Турција, најмалку седум лица загинаа во поројните поплави предизвикани од обилните врнежи во северозападниот дел на таа земја.

Во Бугарија, во бурните дождови што во вторникот го зафатија брегот на Црното Море, загинаа четири лица, соопштија властите во средата, а илјадници туристи беа погодени од катастрофите.

Бурата „Даниел“ предизвика лизгање на земјиштето, уништени мостови, урнати столбови и однесе десетици автомобили, само неколку дена по гаснењето на смртоносниот двонеделен шумски пожар на северот од Грција.

Во раните утрински часови беше испратена порака до жителите на Паламас Кардица односно до оние кои се во подрумите и приземјето, веднаш да ги напуштат поради поплавите во околината.

Во Грција бројот на жртвите од невремето „Даниел“ се зголеми на три, а се трага по уште четири лица, јавија денес грчките медиуми.

Невремето, кое прерасна во едно од најсилните што ги доживеа Грција, бидејќи однесе животи на три лица, а се очекува попладнево да ослабне.

Сепак, претходно невремето ќе продолжи со обилни дождови и невреме, голема фреквенција на молњи, силен ветер на Егејското Море и забележителен пад на температурата, пренесуваат соседните медиуми.

Обилни дождови и невреме се предвидуваат во Тесалија, Споради, централна и источна Стереа (главно префектурите Евританија, Фтиотис) и северна Евија. Од раните утрински часови, главно во крајните источни делови на Тесалија и Споради, се очекува интензитет на појавите, а од доцните попладневни часови појавите ќе ослабат.

Тело на постара жена е пронајдено во близина на брегот на пристанишниот град Волос, додека 10 лица се заробени во тој дел“, изјави локалниот градоначалник Михалис Митикос за телевизијата Sky.

Еден човек загина во вторникот откако се урна ѕид. Надојдена река ги поплави патиштата и железничката станица во крајбрежниот град Волос, јави репортерот на медиумската агенција Reuters. Десетина луѓе се заглавени на насипот во Пелион, соопшти кабинетот на градоначалникот, пренесуваат грчките медиуми.

Жителите велат дека никогаш не доживеале толку многу врнежи. Во вторникот во Волос наврнаа околу 10 пати повеќе од месечното количество врнежи.

Sky News, исто така, известува дека стотици британски туристи се блокирани на нивните дестинации откако невремето предизвикало однесување на автомобили и поплавени улици со дожд.

Еден турист рекол дека центарот на Скијатос во Грција е под вода и ја опишал ситуацијата како застрашувачка. Тие велат дека останале без храна на островот и дека не можат да заминат бидејќи нивните летови се откажани.