Темните кругови често се поврзуваат со замор и недостаток на сон и се сметаат за чисто естетски проблем. Сепак, тоа не е секогаш случај, ако темните кругови се појавуваат често, важно е да се утврди нивната причина.Експертите предупредуваат дека темните кругови и промените во бојата на кожата околу очите можат да бидат показател за различни здравствени состојби. Откривањето на причината е клучно, бидејќи темните кругови честопати можат да бидат првиот сигнал за потенцијални здравствени проблеми.
Темните кругови може да бидат знак за слаба функција на бубрезите, како и за задржување на течности. Луѓето кои прекумерно консумираат алкохол често страдаат од отечени кругови под очите, а може да се појават и жолто-кафеави отоци околу очите, кои се поврзани со високи нивоа на холестерол.
Ако темните кругови не исчезнат долго време, особено ако се претворат во отечени „вреќи“, тоа може да укажува на анемија. Покрај темните кругови, овој проблем често е проследен и со замор, главоболки и тешкотии со концентрирање, што е особено значајно кај децата.
Хормоналните промени, особено за време на ПМС, може да предизвикаат задржување на течности и темни кругови под очите. Доколку се појават темни кругови надвор од овие периоди, се препорачува да се провери функцијата на тироидната жлезда, бидејќи тоа може да биде причина за проблемот.
Со оглед на бројните можни причини, доколку забележите дека темните кругови се честа појава, тие можат да бидат важен показател кој укажува на потребата од дополнителни прегледи и консултација со лекар.